fbpx

Хаос во Бразил по смената на Дилма Русеф – отповикани амбасадорите од Боливија, Венецуела и од Еквадор

-

Група демонстранти, незадоволни од смената на претседателката Дилма Русеф, скршија излози на неколку банки, деловни згради и оштетија еден полициски џип во Сао Паоло.

Полицијата се обидела со шок-бомби и со солзавец да ги смири демонстрациите кои почнале во една од главните градски улици.

Протестот прерасна во насилство непосредно откако новиот претседател Мишел Темер ѝ се обрати на нацијата. Сè уште не е познато дали некој е повреден во судирите. Во еден момент, група маскирани демонстранти почнала со камења да гаѓа полициски џип, кршејќи ги прозорците на возилото и на уште неколку објекти, а потоа се обиделе да го превртат.

Малку пред тоа, во источниот дел на градот, група луѓе со шампањ ја славеја промената на власта. Бразилскиот сенат вчера ја смени левичарската претседателка Русеф поради кршење на буџетските закони, со што се заврши процедурата за импичмент. Процесот на отповикување почна пред околу девет месеци, а тоа придонесе за поларизација на земјата и за создавање политичка криза.

Новиот претседател Мишел Темер, поранешен заменик на Русеф, неколку часа по нејзината смена положи заклетва и го одржа првиот состанок со кабинетот. Сенатот денеска на одвоено гласање одлучи дека на Русеф нема да ѝ биде забрането да извршува јавни функции.

Според бразилските закони, забраната за вршење јавна функција може да изнесува и до осум години.
Русеф ја оцени одлуката на сенатот како „парламентарен пуч“ и најави дека ќе ја обжали одлуката, најавувајќи враќање на нејзината Работничка партија на власт.

Во меѓувреме, бразилската влада повика амбасадорот во Венецуела за консултации, откако Каракас го осуди импичментот на претседателката Дилма Русеф, нарекувајќи го „парламентарен пуч“ и го повлече својот амбасадор од бразилската престолнина.

Венецуелското Министерство за надворешни работи соопшти дека ги замрзнува политичките односи со Владата на Бразил поради „парламентарниот пуч“.

Бразил ги отповика и амбасадорите во Боливија и во Еквадор, откако овие земји ја критикуваа одлуката за смена на Русеф.

https://www.youtube.com/watch?v=REj0VQEhrTw

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...