fbpx

Хан: Политичката клима во Албанија е тензична

-

Политичката клима во Албанија е тензична, оцени еврокомесарот за соседска политика и за проширувње, Јоханес Хан, кој од вчера попладне престојува во дводневна посета на Тирана.

– Политичката клима е тензична и се надевам дека сите ќе се ангажираат за надминување на тензиите бидејќи во чекорењето на земјата кон ЕУ, значајно е постоење на една позитивна клима – изјави Хан.

Денеска Хан ќе има средби со албанскиот претседател Бујар Нишани, првиот човек на Парламентот, Илир Мета, со премиерот Еди Рама и со лидерот на најголемата опозициска политичка сила, Демократската партија, и актуелен градоначалник на Тирана, Љуљзим Баша. Предвидени се средби и со претставници од бизнис-заедницата и од граѓанскиот сектор.

Хан, заедно со премиерот Рама, ќе го предводи дијалогот на високо ниво околу петте приоритети за членство на Албанија во ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...