fbpx

Хан: ЕУ-аспирациите се живи, договореното да се спроведе докрај

-

ЕУ-аспирациите се живи и сите преземени чекори се знак дека тие се одржуваат во живот, рече еврокомесарот за проширување и за доборососедска политика, Јоханес Хан, на денешната прес-конференција што се одржа по пленарната седница за претпристапни преговори на високо ниво (ХЛАД).

Еврокомесарот Хан им честиташе на политичките партии за потпишување на договорот и за преземањето на обврските кои произлегуваат од него, враќањето на опозицијата во парламентот и за изборот на специјален јавен обвинител до договорениот датум.

Хан, сепак, истакна дека останува да се спроведат договорените точки и за изборниот законик, кои треба да бидат изгласани до 6 октомври.

– Имав можност да се сретнам со лидерите на политичките партии и да разговараме за реформите. Сите лидери рекоа дека изборите треба да се одржат до крајот на април и дека мора да се спроведат според ЕУ-стандардите – рече Хан, изразувајќи надеж дека новиот договор за изборниот законик ќе биде донесен порано, а не во последен момент.

Во однос на можноста за почнување на преговорите, без притоа да биде решен спорот со името, Хан изјави дека, сепак, треба да се оди постепено.

– Прагматичен сум, мора да одиме чекор по чекор, кризата не е целосно решена. Ако се спроведе договореното, ќе направиме сè за да ги убедиме членките на ЕУ да почнат преговорите. Сепак, тоа не се завршува за неколку месеци – рече еврокомесарот, додавајќи дека најдобар придонес за една земја и за нејзината стабилност се почетокот на преговорите.

Тој истакна дека ЕУ веројатно ја научила лекцијата дека одолжувањето на почетокот за преговорите придонесува за создавање проблеми за земјата.

Премиерот Никола Груевски, на заедничката прес-конференција со еврокомесарот, рече дека имале успешни разговори.

– Почнувањето на преговорите со ЕУ е примарна цел на Република Македонија. Во изминатиот период имавме значителен напредок во спроведувањето на договореното. Избран е специјалниот јавен обвинител, опозицијата се врати во Собранието, а со тоа и дијалогот во институциите – рече Груевски, додавајќи дека целта е да се зајакне довербата во избирачкиот список, ДИК и во институциите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...