fbpx

Хан: Политичките лидери си играат со иднината на земјата

-

Комесарот за проширување на Европска унија, Јоханес Хан, на синоќешната седница на Европскиот парламент во Стразбур, рекол дека без разлика на изворите, материјалите што ги објавува лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, мора сериозно да се истражат од институциите, пренесува „Дојче веле“.

– Без разлика на изворите на прислушувањето кои треба да се истражат, секоја потенцијална злоупотреба што се открива во нивната содржина, мора да биде истражена и да се преземат адекватни мерки. Особено ако нарушуваат такви фундаментални прашања како што се владеењето на правото и поделбата на власта. Во период кога довербата во институциите е ниска, сите јавни личности мора да се однесуваат одговорно и да преземат одговорност за своите постапки – рече Хан.

Комесарот Хан информирал дека при посета на Македонија во февруари, им порачал на сите политички лидери дека „си играат со иднината на земјата“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...