fbpx

Во акцијата „Оган“ полицијата заплени 144 килограми марихуана

-

Екипи на МВР од секторот за недозволена трговија во акција со оперативно име „Оган“, спроведена вчера, заплениле околу 144 килограми марихуана и уапсиле четири лица, вмешани во меѓународен канал за шверц на дрога, информираше денеска на прес-конференција, министерката за внатреши работи, Гордана Јанкулоска.

Марихуната била со потекло од Албанија и преку територијата на Македонија, требало да биде прошверцувана до крајната дестинација, Швајцарија.

Акцијата била спроведена во реонот на населбата Ченто и селото Арачиново, а полицијата сеуште трага по уште едно лице осомничено дека е дел од шверцерскиот канал.

Како што информираат од МВР, полициските екипи во два автомобили марка, „голф“, односно „мерцедес“, пронашле вкупно 98 пакувања, полни со марихуана.

„Според досегашните сознанија двете лица се дел од поголема криминална група, инволвирана во извршување на криминални активности од областа на недозволената трговија со марихуана и хероин“, велат од МВР.

Полицијата, во рамките на акцијата извршила претреси на домовите на уште две лица од Скопје, од кои кај едниот била најдена прашкаста материја, со маса од околу 700 грама, за која вештачењето утврдило дека станува збор за материја која служи за мешање со хероин.

„При вршење на претресот на дом на второто лице утврдено е дека истиот неовластено се приклучил на електричната мрежа пред електричното броило, со што е утврдено дека постои основано сомнение дека истиот исвршил кривично дело „Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ казниво по член 235а од Кривичен законик“, информираат од МВР.

Против лицата вмешани во шверцот на зепленетата марихуана, полицијата до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднела кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...