fbpx

Груевски со повеќе средби во САД

-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во рамките на својата посета на САД заедно со партиска делегација во чиј состав се членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, и пратениците Владимир Ѓорчев и Александар Николоски, во Њуjорк се сретна со претседателот на советот за надворешна политика на САД, Ричард Хас, се вели во партиското соопштение.

Советот за надворешна политика на САД е организација со седиште во Њујорк, со повеќе од 90-годишна традиција и едно од највлијателните тела кое ги одредува насоките на надворешната политика на САД. Советот обединува политичари, дипломати, банкари и финансиери, професори од угледни универзитети, кои се вклучени во креирањето на политичките процеси на САД што се дел од нивната надворешна политика.

„На средбата со Ричард Хас, Груевски ги афирмираше приоритетите на Република Македонија во однос на надворешната политика, при што особено беше истакната заложбата за членството во НАТО, како наша стратешка определба. Груевски го запозна соговорникот со деталите од мигрантската криза, како и со мерките што ги презема државата во насока на превенирање на пошироки последици. Истовремено, Груевски го запозна Хас и со политичката состојба во земјата, како и со значењето на престојните избори како единствен излез од наметнатата политичка криза“, се вели во соопштението.

– Разговаравме за Македонија, за односите помеѓу Македонија и Америка, за предизвиците што ги имаше и има државата и за можните идеи и начини за напредокот на Македонија во иднина, како и за понатамошните чекори што треба да се прават за решавање на различните видови предизвици. Разговаравме за мигрантската криза и за предизвиците со кои се соочи Македонија во времето на мигрантската криза. Начинот на кој што се справуваше и сите ризици што произлегоа и сè уште произлегуваат од можноста таа повторно да се разгори. Разговаравме и за повеќе значајни работи во делот на односите помеѓу Македонија и САД, за нашето сојузништво, партнерство и за сите оние работи што може да бидат предмет на заедничка соработка во иднина. Наша стратешка заложба е земјата да се вклучи во НАТО и во ЕУ и во тој поглед разменивме мислења за понатaмошните правци како да се работи за да се оствари оваа наша стратешка цел – изјави Груевски по средбата.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во Њујорк оствари средба и со претседателот на Американскиот еврејски конгрес, Џек Росен. Оваа организација преставува влијателна тинк-тенк групација, која располага со значителни финансиски средства и со политичко влијание. Груевски и Росен разговараа за добрите и пријателски односи кои се негуваат со еврејската заедница, чекорите кои се преземани од Македонија за негување на традицијата и за заштита на културното наследство на еврејската заедница присутна во Македонија.

Груевски претходно оствари средба и со Мајкл Михан, шеф на американското тело за набљудување на медиумите.

– Разговаравме за македонските напори да се унапреди ситуацијата и положба на државата на меѓународно ниво, зборувавме и за теми каде има напредок, како што е образованието, справувањето со проблемот на мигрантите и други области. Кога станува збор за членството во НАТО, Македонија работи напорно, ги поддржувам напорите на Груевски за земјата да се придружи во НАТО и значајно е да се земе предвид напорната работа што ја презема македонската влада на тој план. Постојат на глобално ниво премногу предизвици, но Македонија и нејзиното раководство работат напорно државата да ја насочат кон правилна насока и правец – изјави Михан по средбата.

Груевски се сретна и со Дејмон Вилсон, извршен потпретседател на Атлантскиот совет, која е единствена граѓанска организација на НАТО.

– Имавме одличен разговор со Никола Груевски, зборувавме за посветеноста во остварување на целта за интеграција во НАТО на вашата земја, нешто на што заеднички работиме напорно. Македонија поминува низ важен период и важни избори кои престојат, исто како и Америка која го чека завршетокот на изборите и откако тие ќе поминат, ќе внесе енергија и надеж во атланските интеграции за да се финишираат интеграциите на сите земји од Западен Балкан, вклучително и на Македонија – изјави Вилсон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...