fbpx

Груевски се сретна со генералниот секретар на ОБСЕ

-

Премиерот Никола Груевски денеска оствари средба со Ламберто Заниер, генерален секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Соговорниците дадоа позитивна оцена за соработката на Република Македонија со ОБСЕ во сите сфери од заемен интерес.

Премиерот Груевски истакна благодарност за придонесот и за поддршката што ОБСЕ ја овозможува на нашата земја во спроведувањето на реформите во сите општествени сфери. Тој го информираше својот соговорник за посветеноста на Владата на спроведувањето реформи кои значат унапредување на стандардите во сите потребни области.

Двете страни ја истакнаа значајноста на реализација на сите предвидени точки во Договорот од Пржино, при што беше акцентирана значајноста на формирањето на Државната изборна комисија во согласност со политичкиот договор.

На средбата стана збор и за состојбите и за ефектите од бегалската криза. Премиерот Груевски ја образложи позицијата на Република Македонија во поглед на оваа тема, која е условена и од одлуките на другите земји што се наоѓаат на бегалската рута и е заснована на правото и на должноста на Република Македонија да презема чекори што се во интерес на обезбедување регистрација и хуман третман на бегалците и во интерес на државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...