fbpx

Груевски побегнал преку Албанија, тврди белградска „Политика“

-

Српскиот весник „Политика“, познат како активен поддржувач на власта во Србија, објави дека според нивните информации, поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Будимпешта побегнал преку Тирана.

Во денешното издание на насловната страница на весникот е објавен текст потпишан како „редакциски“ во кој се тврди дека Груевски со лажен пасош ноќе ја минал македонско-албанската граница и стасал во амбасадата на Унгарија во Тирана, од каде со првиот лет на унгарската компанија „Малев“, отпатувал за Будимпешта. Иако „Политика“ пишува дека летал со „Малев“, тоа е невозможно, бидејќи компанијата згасна во 2012 година.

Наводно цело време имал шапка и очила за сонце, кои не ги симнал во текот на летот.

Што се однесува до шпекулациите дека Груевски избегал од Македонија со лажен бугарски пасош,  кои се раширија вчера во унгарските медиуми, бугарското Министерство за правда денеска соопшти дека Никола Груевски не е бугарски државјанин и не му е издаден бугарски пасош. Како што пренесува дописникот на „Мета“ од Софија, тоа го потврдиле и Агенцијата за национална сигурност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...