fbpx

Важно е да не дозволиме редефинирање на државата, порача Груевски од Струга

-

Не може да се препушти државата да се третира како експеримент и од ден на ден да се менува во корен нејзината суштина и идентитет, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на централниот митинг на партијата вечерва во Струга.

– Tоа е крајната цел. Tоа беше и целта на кризата и секој што не веруваше или барем малку се сомневаше, сега знае, сега му е јасно и кристално чисто го гледа сценариото кое се надвиснува над нашата држава. Важно е сите заедно да се сплотиме и да не дозволиме Македонија да биде жртва на неизвесноста што СДСМ и Заев сакаат да ја создадат со нивните опуштени изјави кои имаат многу опасна и сериозна цел, а таа е комплетно редефинирање на државата – рече Груевски.

Претходно на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Ресен, Груевски рече дека до крајот на 2020 година ќе ја намалат стапката на невработеност на 17-18 отсто со отворање нови 70.000 работни места во Македонија.

– Тоа е нашето ветување за наредните четири години. Докажавме дека знаеме и можеме да го правиме тоа. Ќе ги зголемиме платите во јавниот сектор за 10,25 отсто и пензиите за 10,25 отсто. Социјалната помош на оние на кои најмногу им треба, ќе ја зголемиме за 50 отсто, минималната плата до 2020 година постепно ќе се зголемува и ќе достигне 14.000 денари, а во текстилната и во кожарската индустрија постепено ќе се зголемува до 13.500 денари – рече Груевски.

Антонио Милошоски, носител на коалициската кандидатска листа во петтата изборна единица, рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија градат за секого и помагаат секому.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...