fbpx

Груевски: Народот ќе ги казни игрите на петтоколонашите

-

„Иако обединета како никогаш досега, партијата се соочи со удари однадвор. Во последните пет-шест месеци, партијата го пребродува најсилниот удар досега. Во неможност да биде победена во нормална политичка битка, на демократски начин, противникот, соработувајќи со мрачни сили, се обиде на најбрутален начин да ја сруши партијата, нанесувајќи штета на државата. Но, наместо тоа, тие ќе се срушат себеси, сакајќи нам да ни направат стапица, влегоа во стапица, во предвремени парламентарни избори во кои ВМРО-ДПМНЕ ќе победи“, рече премиерот Никола Груевски на прославата по повод 25. роденден на партијата.

– Иако претходно не планиравме избори, иако веруваме дека ова ќе биде прв мандат до крај, сепак СДСМ, помогнат од други сили, според Заев, се гледа дека нема да запре со урнисување на државата. Овојпат потребна е интервенција на народот, преку негово масовно учество на фер и демократски избори, на кои ќе им одговори и ним и на нивните поддржувачи – истакна Груевски.

Оваа лекција, рече тој, нашиот политички опоненет ќе ја научи во април 2016 година, а нивните сценаристи ќе мора да прифатат дека овде има луѓе кои размислуваат со своја глава и ум и ќе мора да сметаат на нив.

– Одиме во голема победа, која ќе се памети по сè што помина нашата земја, победа која поради контекстот, ќе влезе во учебниците и во историјата. Ќе се учи како не треба во демократско општество да се манипулира со интелегенцијата на народот – рече Груевски.

Тој упати и порака до, како што рече, домашните петтоколонаши, дека има народ кој ќе ги спречи нивните игри.

– Тоа мора да се покаже ако сакаме да бидеме ценети како држава. Да се покаже дека не може да се сруши, со ваква крупна игра, да се сруши државата, а народот да не го казни тоа. Тие влегоа во стапица и сега сакаат да ги одложат изборите. Тоа нема да им го дозволиме, тоа нема да им го дозволат и оние на кои полагаа надеж, меѓународната заедница – истакна Груевски.

По говорот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, свечено беше отворена новата зграда на партијата, а беше пресечена и роденденската торта. Денеска ВМРО-ДПМНЕ го слави 25. роденден. Воедно се одбележуваат и 122 години од формирањето на ВМРО. На прославата беа присутни министрите во владата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, претставници од коалициските партии и членови на партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Денеска се одбележува Денот на македонскиот јазик

Денеска, на 5 Мај, во земјава се одбележува Денот на македонскиот јазик. Претседателот Стево Пендаровски истакна дека откако пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука, континуираниот развој на...