fbpx

Грција и Брисел не се договорија денеска

-

Иако се очекуваше денеска да се постигне договор, министрите за финансии на ЕУ ја отфрлија можноста денешниот ден да донесе крај на петмесечните преговори помеѓу Брисел и Атина. По состанокот на Еврогрупата, Брисел испрати јасна порака дека е потребно повеќе време за да се разгледаат грчките предлози и идеи за реформи.

Првиот човек на Еврогрупата, Герун Дајселблум, по завршувањето на состанокот, изјави дека се надева до крајот на неделата да се постигне договор. Според Дајселблум, грчките предлози се добра основа за преговори и техничките групи веднаш ќе почнат со разговори за да се постигне што побргу договор и компромис околу позициите на Атина и на Брисел.

Првиот човек на Еврогрупата јасно посочи дека фактот што не може денеска да се донесе конечна одлука за договор се должи на тоа што министрите немале доволно време детаљно да го разгледаат грчкиот предлог. Оцени дека вечерашниот Самит на ЕУ ќе се одржи и покрај шпекулациите за одложуваање, објаснувајќи дека лидерите на ЕУ може да донесат поинаква одлука од министрите за финансии.

Со ова одложување дополнително се продолжува неизвесноста што владее во Грција во однос на финансиската стабилност и со одржливоста на државата. Грчката влада и премиерот Алексис Ципрас остануваат на ставот дека е крајно време да се постигне одржливо решение, кое ќе ја врати Грција на нозе, ќе го врати економскиот развој без да ги притисне и фрли во нова проблематична состојба грчките граѓани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Просечните трошоци за еден семестар, студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини 81.335 денари или 1.317 евра, покажува најновото истражување на Форумот за образовни промени. Целта на документот „Студентска...