Фото: Влада на Р. Грција

Министерството за развој на Грција претпладнево објави дека во земјата е создаден првиот брз антигенски тест за корона вирусот, нарекувајќи го „голем пробој“. Тестот е создаден во истражувачки проект „тежок“ 2,9 милиони евра финансиран од министерството, во кој биле вклучени шест истражувачки центри и четири универзитети, под водство на Генералниот секретаријат за истражувања и технологија.

Барањето за патент е поднесено во Организацијата за индустриска сопственост, а веќе е почната постапката за избор на компанија што би го произведувала грчкиот брз тест за корона вирус.

Се очекува домашно произведениот брз тест да овозможи масовно тестирање на грчките граѓани. Всушност, тестот е развиен во рамките на истражувачкиот проект за голема епидемиолошка студија за новиот корона вирус, која би вклучила масовни тестирања за вирусот и за антителата, потоа за „читање“ на геномот на вирусот и анализи на пациентите.

Инаку, според последните информации за епидемијата на ковид-19 во Грција, вчера попладнето се пријавени 1.193 нови случаи, со што вкупната бројка заразени од почетокот на ширењето на болеста се искачи на 104.227 случаи. Најновата бројка на починати во Грција е 98 случаи, со што вкупната смртност од ковид-19 во земјата се искачи на 2.321.

Грчката влада, пак, до 14 декември го продолжи „привременото ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата, забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, освен од државите на Европската унија и Шенген зоната“ за да се ограничи ширењето на коровирусот, е продолжена до 14 декември 2020 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Со тоа, во Грција туристите и странските државјани за кои не постои забрана, ќе може да влезат преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас (Кулата) и само со негативен молекуларен тест за Ковид-19 направен 72 часа пред пристигнувањето.

Кон Северна Македонија е отворен само граничниот преми „Евзони“, (Богородица, кој работи од 7 до 23 часот, а низ него може да се помине со негативен ПЦР тест, и тоа само за одредени групи