fbpx

Грчкиот премиер задоволен се враќа од Брисел

-

Грција е задоволна од исходот на состанокот на еврогрупата. Грчката влада говори за триумф на состанокот на европските министри за финансии бидејќи се избегнало наметнување нови мерки за штедење, постигнат е договор да се почне разговор за олеснување на грчкиот долг и можно е штом се финализира договорот со тројката и со кредиторите, Грција да добие повеќе пари од очекуваното.

Како особено позитивен исход, грчката влада ја оценува одлуката на европските министри наместо предлогот на ММФ за нови мерки, да го прифатат грчкиот предлог за автоматски механизам за намалување на приходите во државната администрација. Овој механизам би се активирал доколку Грција не ги исполнува договорените цели до 2018 година и со него автоматски би имало стопирање или намалување на пензиите и на платите на државните службеници.

Веднаш по завршувањето на состанокот на еврогрупата, грчкиот премиер Алексис Ципрас го информираше претседателот Прокопис Павлопулос за заклучоците, коментирајќи дека конечно има позитивна вест за грчкиот народ.

– Особено позитивно е дека веќа имаме патоказ кој води кон олеснување на долгот. Тоа е позитивна порака и за светските берзи и за инвеститорите, но и за грчкото општество, за грчките граѓани кои последните години носат тежок товар и имаат право на позитивна вест – изјави Ципрас во разговор со Павлопулос.

Ципрас денеска ќе има итен владин состанок да се разговара за договорот на еврогрупата и за работите кои е неопходно да се завршат и да се договорат со тројката до следниот состанок на 24 мај, за европските министри да дадат зелено светло за исплаќање на втората рата од финансиска помош за Грција. Според најавата на грчката влада, оваа помош можно е да биде многу повисока од сумата од 5,7 милијарди евра, колку што првично беше договорено и предвидено.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...