fbpx

Граѓаните се главни кредитори на македонската економија

-

Анализата на вкупната нето финансиска вредност на македонската економија покажува дека во периодот од 2013 до 2019 година таа има нето должничка позиција, како резултат на поголемиот раст на обврските во однос на средствата, што е вообичаено остварување и во останатите земји во транзиција, покажуваат податоците што прв пат ги објавува Народната банка.

Оттаму информираат дека негативната финансиска вредност постојано се продлабочува и во 2019 година изнесува изнесуваа 427 милијарди денари (6,9 милијарди евра), или 61,2 отсто од БДП.

„Анализирано од аспект на секторите, во периодот од 2013 до 2019 година секторите „домаќинства“ и „странство“ се нето-кредитори коишто ги финансираат останатите сектори во националната економија, а тоа се нефинансиските друштва и државата, коишто се нето-должници. Финансискиот сектор, согласно со неговата посредничка улога во финансискиот систем, има речиси избалансирана нето финансиска позиција во анализираниот период. Притоа, динамички гледано, не се забележуваат некои позначителни промени во структурата“, велат од Народната банка.

Од декември 2020 година, Народната банка прв пат започнува со објавување податоци за годишните финансиски сметки на македонската економија. Тие се однесуваат на состојбите на финансиските средства и обврски по финансиски инструменти и подинструменти за секој институционален сектор и потсектор на националната економија, како и на секторот странство.

Состојбите ја претставуваат вредноста на поседуваните финансиски средства и неплатените, преостанати финансиски обврски, на крајот на извештајната година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...