fbpx

Градежно-трговска фирма од Охрид направила криминал од 3 милиони денари

-

Градежно-трговска фирма од Охрид е осомничена од Финансиската полиција за финансиски криминал од 3.159.000 денари или приближно 50.000 евра.

Управителот на фирмата и сопственикот употребиле фалсификувана фактура со вклучен ДДВ за наводно извршена набавка на опрема. Од извесно физичко лице од Струга, на црно набавиле машина за производство на сокови за која немало соодветна документација.

За да заработат од повратот на ДДВ, употребиле фалсификувана фактура во износ од 20.709.000 денари со искажан ДДВ во износ од 3.159.000 денари од скопска фирма. Оваа фактура никогаш не е платена на наводниот издавач на истата, но затоа, пак, ДДВ во износ од 3.159.000 денари охридската фирма неосновано си го наплатила од државниот буџет.

Финансиската полиција во текот на истрагата утврди дека од 2008 година, па сè до денес, поради отсутност на сопственикот и управител на правниот субјект од Скопје, фирмата не вршела никаква дејност и нема подготвено ниту, пак, доставено никакви фактури кон фирми од Република Македонија.

Поради оштетување на буџетот на Република Македонија за износ од 3.159.000 денари, Финансиската полиција до Основното јавно обвинителство во Охрид поднесе соодветни кривични пријави за сторен финансиски криминал за сопственикот и управителот на охридската фирма.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...