fbpx

Град Скопје: Зошто ви пречат проширените булевари, кружните текови и катните гаражи

-

Немајќи идеи за подобро Скопје и поради недостиг од програми и проекти за подобрување на животот на граѓаните, на различни начини се обидувате да го минимизирате тоа што е направено во Скопје во изминативе години, реагираат од Градот на обвинувањата на СДСМ за неправилностите што биле најдени во најновиот ревизорски извештај.

„Вашата нервоза е видлива секојдневно, па би сакале да Ве прашаме зошто ви пречат проширените и реконструирани булевари, изградените кружни текови, катни гаражи, новите и уредени паркови, новото зеленило? Во ревизорскиот извештај што го спомнувате тврдите дека се укажува на бројни злоупотреби во работењето на Град Скопје. Во врска со ова, сакаме да Ве повикаме да не го читате овој ревизорски извештај селективно, зашто во истиот извештај не се најдени никакви „криминали“, како што вие тврдите и обвинувате“, пишува во реакцијата.

Од Градот ги повикуваат сите надлежни институции да ја проверат целокупната документација во врска со кој било проект и да се уверат во законитоста на постапките при спроведувањето на капиталните проекти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...