fbpx

Половина од градежните работи на автопатот Кичево – Охрид ќе завршат до крајот на годината

-

Пробиена е повеќе од 80 проценти трасата на автопатот Кичево – Охрид, а до крајот на годината се очекува дека ќе се заврши 50 проценти од оваа делница, информираше министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, кој денеска изврши увид во градежните активности.

Станува збор за една од најголемите капитални инвестиции, која чини 374 милиони евра.

– Во моментов се работи на пробивање на тунелот кај Пресека, кој е најголем во државата и е во должина од околу два километри. Интензивно се работи на неколку локации истовремено, за да се испочитува договорот за изградба кој е до 2018 година – истакна Мисајловски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...