fbpx

Ѓорчев: Спасовски дозволи толпата да го преземе законот во свои раце

-

„ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува вчерашното насилство и беззаконие што беше демонстрирано во општина Бутел. МВР има уставна обврска да ги штити законите, редот, мирот и безбедноста на граѓаните. Оливер Спасовски не ја исполни оваа своја уставна обврска“, обвини на денешната прес-конференција пратеникот од владејачката партија, Владимир Ѓорчев.

– Оливер Спасовски и Едмонд Адеми од СДСМ вчера беа срам за уставниот поредок на Република Македонија. Оливер Спасовски вчера дозволи толпата да го преземе законот во свои раце, да пали дрвја, да урива огради и да узурпира јавен имот на територијата на општина Бутел. Оливер Спасовски и неговите инсталирани послушници од СДСМ во МВР вчера избегаа од одговорноста за која се платени од граѓаните на Македонија и не дадоа наредба на полицијата да ја спречи толпата што спроведуваше сопствен закон. Ваквото однесување на Оливер Спасовски е недозволиво, кукавичко и целосно неодговорно. Ваквото однесување на Оливер Спасовски може да биде повод граѓаните да почнат самите да ја штитат својата безбедност, самите да ги штитат своите општини и самите да се борат за почитување на Уставот и на законите на Република Македонија – изјави Ѓорчев.

Тоа, според него, ќе значи вовед во понатамошен хаос, нешто што е спротивно на интересите на граѓаните на Македонија и на секој што ја сака Република Македонија.

– Затоа ВМРО-ДПМНЕ инсистира Оливер Спасовски да престане да се крие и да постапи во согласност со овластувањата што ги има на располагање. Во минатото полицијата се соочуваше и со многу потешки ситуации. Полицијата порано покажуваше дека доколку тој што ја командува има капацитет да командува, тогаш може да ја превенира состојбата и полицијата можеше порано да се сочува со многу посериозни кризи. Секој понатамошен инцидент што ќе произлезе од немото и безгласно толерирање на беззаконието од страна на Оливер Спасовски, ќе биде на негова одговорност и на одговорност на СДСМ, кој како партија номинираше кадар што апсолутно нема капацитет да биде на ниво на обврските што ги има и состојбите што се случуваат – вели Ѓорчев.

Доколку Оливер Спасовски не издаде наредба за полициска асистенција со која повторно ќе се воспостави ред во главниот град Скопје, вели Ѓорчев, тогаш Оливер Спасовски ќе стане соучесник во сценариото за крв на улиците што го најави неговиот советник и колега од СДСМ, Едмонд Адеми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...