fbpx

Ѓоргијев: Се очекува благ пад на цената на становите

Според она како што се движат работите сега, има некое намалување на градежните материјали и во секој случај цените ќе одат надолу, вели Зоран Ѓоргијев, директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор

-

Се очекува дека цените на становите во наредниот период ќе имаат благ пад, смета Зоран Ѓоргијев, директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката. Ова, според Ѓоргијев, се должи на намалувањето на цените на градежните материјали.

„Според она како што се движат работите сега, има некое намалување на градежните материјали и во секој случај цените ќе одат надолу. Ние сме државна фирма кои сме и регулатор на цената и затоа за брзо време ќе почне градба во старата воена пекара. Мислам дека цените ќе одат во некој благ пад“, вели Ѓоргијев.

Тој изјави дека акционерското друштво почнува да гради на нови локации, со што дополнително ќе се влијае на намалување на цената на станбениот квадрат во Скопје и во поголемите градови во внатрешноста.

Инаку, Ѓоргијев заедно со премиерот Димитар Ковачевски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и со заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи Ковачевски денеска извршија увид во градежните работи за изградба на социјална зграда во Општина Бутел.

Социјалната зграда во Бутел / Фото: Влада на РСМ

Премиерот соопшти дека реализирани се 95 проценти од градежните работи за социјалната зграда, во која наскоро домови ќе добијат 312 семејства од социјално ранливите категории.

„Оваа зграда има вредност од 10 милиони евра. Овде, 312 социјално загрозени семејства, наши сограѓани, ќе добијат кров над глава и децата во овие семејства, ќе бидат на сигурно – наместо на улица!“, порача Ковачевски.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, нагласи дека преку вакви проекти се врраќа достоинството на социјално ранливите граѓани.

„Преку вакви капитални проекти го враќаме достоинството на социјално ранливите граѓани, овозможуваме да имаат пристоен живот и стабилно домување. Вложивме околу 9,8 милиони евра за нејзина изградба за да помогнеме на деца без родители, на корисници на постојана парична помош, на самохрани родители, лица со попреченост. Сите тие имаат подеднакво право да се чувствуваат заштитени од државата. И драго ми што придонесуваме за подобар живот на граѓаните и веќе резултати се видливи насекаде низ државата“, рече Бочварски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...