Гир: По уставните измени, нема да има други дополнителни одлуки на европскиот пат

Јас навистина многу се надевам дека ќе биде можно да се усвојат уставните измени, зошто верувам дека местото на оваа земја е во Европската Унија и сакаме да ни се приклучите што е можно поскоро, рече евроамбасадорот Гир

-

Евроамбасадорот Дејвид Гир уверува дека по евентуалното изгласување на уставните измени, нема да има други дополнителни одлуки за земјава кои треба да се донесат на европскиот пат. Одговарајќи на новинарско прашање Гир повтори дека сепак, станува збор за суверена одлука на државата и дека процесот е во рацете на државата и на Собранието.

Според него, треба да се искористи моментумот во процесот на проширувањето, кој произлегол по руската агресија во Украина.

„Јас навистина многу се надевам дека ќе биде можно да се усвојат уставните измени, зошто верувам дека местото на оваа земја е во Европската Унија и сакаме да ни се приклучите што е можно поскоро, додека во меѓувреме се имплементираат сите реформи кои се неопходни за да се биде полноправен член на ЕУ“, рече Гир.

Во оваа насока беше и денешната средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер.

Фото: Влада на РСМ

Како што соопштија од Владата, на состанокот била реафирмирана силната поддршка од САД во процесот што треба да овозможи севкупен напредок на земјата, а посебно на планот на евроинтеграциите. Заеднички беше оценето, како што велат од Владата, дека е неопходно да се одржи европскиот правец и дека претстојниот чекор во Собранието на Република Северна Македонија е од клучна важност за тоа.

„Споделен е ставот дека проевропските политички субјекти мора да го препознаат својот дел од одговорноста во овој момент, за да се осигура европската иднина на македонските граѓани“, велат од Владата.

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен маж од...

МЦМС: Mнозинството граѓани сметаат дека безбедноста во земјава е загрозена

Мнозинство од граѓаните (59,8%) сметаат дека безбедноста во земјава е многу или главно загрозена. Меѓу нив, побројни се жените. Загриженоста опаѓа со зголемувањето на степенот на образование од 67% кај оние...

Со закана со нож 34 годишник силувал дете во Тетово, Обвинителството поведе истрага

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 34 годишник, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – силување дете кое не наполнило 15 години, казниво...

Меѓуресорска група ќе ги брани училиштата од сајбер напади

Претставници на Министерството за образование и наука, на Министерството за внатрешни работи, институции за јавна безбедност, претставници на Министерството за дигитална трансформација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, заеднички...

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен...