Објавени се разгледаните приговори за сместување во студентските домови за бруцошите

Разгледани биле вкупно 274 приговори - најголем дел за префрлање од еден студентски дом во друг

Фото: Мета.мк

Министерството за образование и наука (МОН) денеска ги објави одлуките за разгледаните приговори и молби по однос на резултати од Конкурсот за сместување во студентски домови за студентите во прва година – бруцошите.

Резултатите од конкурсот за сместување на бруцошите во домовите станаа достапни на 29 септември, а оние студенти што не беа задоволни можеа да достават приговор директно во студентскиот дом во кој аплицирале, најдоцна пет дена од денот на објава на резултатите.

Во документот се опфатени вкупно 274 приговори. Меѓу нив, најголем дел биле поднесени за префрлања од еден студентски дом во друг, а останатите се однесувале на барања за ослободување од плаќање станарина и исхрана.

Резултатите може да се погледнат во прилог.

Разгледани приговори и молби по однос на резултати од конкурс за сместување во студентски домови (за бруцоши)