fbpx

Фронтекс: 630.000 лица илегално влегле во Европа

-

Околу 630.000 лица илегално влегле во Европа од почетокот на годинава, соопшти Фабрис Легери, шеф на агенцијата за надзор на границата Фронтекс, во разговорите за француската новинска агенција „Ебра“.

Говорејќи за најголемата миграциска криза во Европа по Втората светска војна, тој се зазеде за европска соработка. – Земјите-членки мораат да разберат дека наместо да распоредуваат стотини полицајци на своите државни граници, подобро би било да ги испратат на надворешните граници. Првата граница на Франција е во Вентимигла, но, исто така, и на Лампедуза, на островот Лезбос и во Мелила – нагласи тој.

Легери истакна и дека ако секоја држава се справува со кризата на своја територија, без да се координира со соседите, приливот на мигранти нема да престане од земја во земја, а тоа ќе им наштети на сите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руските трупи влегоа во воздушната база во Нигер каде се стационирани американски војници

Рускиот воен персонал влезе во воздухопловната база во Нигер каде се сместени американски војници, по одлуката на нигерската хунта да ги протера американските сили од земјата, пишува Гардијан. Воените офицери...