fbpx

Франција: Приведени 54 лица за поддржување тероризам

-

Париското јавно обвинителство денеска соопшти дека во последната седмица по масакрот во редакцијата на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ во кој беа убиени 12 лица, приведени се 54 лица кои го бранеле и величале тероризмот.

Истовремено, покренати се 15 судски случаи поради испишување графити по џамии, како и десет случаи за оштетување муслимански места за молитви со оружје, подметнување пожар или експлозија.

Приведувањата се дел од пошироката акција на француските власти за примена на поостри антитерористички мерки, воведени по минатонеделните три одвоени напади на исламисти во Париз, во кои беа убиени вкупно 17 лица.
Меѓу уапсените е и контроверзниот француски комичар Дијед Мбала Мбалам, кој е приведен поради поддржување тероризам откако на „Фејсбук“ изрази поддршка за исламистите од нападите во Париз.

Обвинителството против него синоќа покрена обвинение поради објавата во која стои: „Вечерва, што се однесува до мене, се чувствувам како Шарли Кулибали“, дел од името на сатиричниот весник, како и презимето на напаѓачот на еврејската продавница во Париз, Амеди Кулибали, кој при нападот уби четири лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...