fbpx

Филипче му се заблагодари на Заев за поддршката во здравството

-

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска на премиерот во заминување Зоран Заев, му подари слика во знак на благодарност. Сликата му беше врачена во Националната опера и балет, а беше во рамки на церемонијата за доделување на благодарници за здравствените работници од ковид-центрите.

„Дозволете да ви врачам подарок за долго сеќавање. Сакам да се заблагодарам на поддршката што ја дадовте на здравствениот систем и здравствените работници. Да се заблагодарам што не кажавте ‘Не’ за потребата и барањето за било која инвестиција во здравството. И да се заблагодарам што успеавме со ваша помош здравствените работници од потценети и исмевани да ги направиме повторно горди и почитувани луѓе во нашето општетсво“, рече Филипче обраќајќи се кон Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...