недела, 8 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: здравствени работници | 28 резултати

Дел од здравствените работници протестираат, премиерот вели ќе се разгледаат барањата

19 октомври 2023

Некои од здравствените работници организирани од Независниот синдикат на здравствени работници и административно-технички персонал денеска протестираа пред здравствените установи во периодот од 10:30 до 11 часот. Предупредувачкиот штрајк го поддржаа и дел од возачите од итната медицинска помош, кои со вклучени сирени на возилата го изразија револтот и ги поддржаа барањата на синдикатот. Дел од […]

Украинските сили ги оштетија сите три моста кои водат кон окупираниот град Херсон, планираат офанзива

25 јули 2022

Американскиот Институт за проучување на војната во својот најнов извештај наведува дека украинските сили заклучно со 24 јули успеале да ги оштетат сите три моста кои водат кон окупираниот град Херсон на југот на Украина, пренесува Укринформ. Користејќи ги ракетните системи со високи перформанси ХИМАРС, украинските сили се обидуваат да ги отсечат руските сили кои […]

Филипче: Заминувам од позицијата министер горд на сработеното

17 јануари 2022

Ми беше чест и задоволство да ви служам во изминатите 4 години. Заедно поминавме многу во историски најтешкиот период за македонското здравство. Поддршката која ја добивавме јас и моите колеги ни даваше сила да продолжиме напред и да ја водиме битка со пандемијата, рече екс-министерот за здравство Венко Филипче во видеообраќање до јавноста. Тој се […]

Филипче: во 2022 платите на сите вработени во здравството ќе се зголемат за 5%

30 декември 2021

На денешниот работен состанок што се одржа меѓу министерот за здравство д-р Венко Филипче и синдикалните здруженија на здравствените работници беше потпишан анкес на колективниот договор според кој во годината што следува е предвидено да се реализира зголемување на платите на 5% на сите вработени во здравството. „Во изминатите 4 години оваа Влада го врати […]

Филипче му се заблагодари на Заев за поддршката во здравството

29 декември 2021

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска на премиерот во заминување Зоран Заев, му подари слика во знак на благодарност. Сликата му беше врачена во Националната опера и балет, а беше во рамки на церемонијата за доделување на благодарници за здравствените работници од ковид-центрите. „Дозволете да ви врачам подарок за долго сеќавање. Сакам да се заблагодарам […]

Порталб: Договорите за работа на патронажните сестри ќе бидат продолжени

13 декември 2021

Договорите за работа на патронажните сестри од земјава ќе бидат продолжени, а во текот на наредната година ќе има огласи за трајно вработување, изјави министерот за здравство Венко Филипче на денешната средба со медицинските сестри, пишува Порталб.мк. Патронажни сестри, чии договори истекуваат на крајот на овој месец, поради што стравуваа дека ќе останат без работа, […]

Порталб: Филипче за понеделник ја презакажа средбата со медицинскиот патронажен персонал

11 декември 2021

Средбата со медицинскиот патронажен персонал од земјава, министерот за здравство Венко Филипче ја одложи за понеделник, иако претходно најави дека истата ќе се реализира до вчера. Медицинските сестри од крајот на овој месец се во опасност да останат без работа, бидејќи две години работат под договор, пишува Порталб.мк. Порталб.мк разговараше со една од медицинските сестри, […]

Порталб: Од следниот месец, над 130 здравствени работнички во опасност да останат без работа

9 декември 2021

Патронажните медицински сестри во земјава се во опасност да ги загубат своите работни места. Тие две години работат со договор што истекува на крајот на месецот. За овој проблем, во вторникот до Министерството за здравство, тие доставија допис до министерот Венко Филипче, со кој бараат да им се издадат решенија за работа. Министерот најави дека […]

МЗ: Од денеска започна пријавувањето за вакцинација од сезонски грип

4 ноември 2021

За вакцинација од сезонски грип годинава земјава има набавено 40.000 дози четиритипни вакцини, информираат од Министерството за здравство. Овие вакцини се наменети за старите лица над 65 години, лицата со хронични заболувања, здравствените работници, бремените жени и децата на возраст од 6 месеци до 5 години како ризични групи. Веќе трета година по ред вакцината […]

Пред Самитот во Глазгов, здравствените организации потсетија на придобивките од климатските активности

12 октомври 2021

Светските лидери, кои ќе се соберат на Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации COP 26 во Глазгов, добија отворено писмо од над 400 меѓународни здравствени организации и експерти, јавува Гардијан. Тие ги повикуваат политичарите да ги земат во предвид здравствените придобивки од климатските активности пред одржувањето на COP 26, кој е предвидено да започне […]

Судири на демонстранти и полицијата на протестот во Атина против вакцинација на медицинарите

30 август 2021

Големиот протест вчера вечер што се одржа во Атина мина во знакот на судири на некои демонстранти со полицијата, при што се користеше и солзавец. Околу 7.000 луѓе се собраа вчера во центарот на главниот град на Грција за да протестираат против задолжителната вакцинација против ковид-19 на здравствените работници. Од среда, оние здравствени работници што […]

Порталб.мк: Битката со корона вирусот досега ја изгубија 27 здравствени работници

25 март 2021

Измина повеќе од една година откако корона вирусот почна да се шири во С. Македонија и на првата одбранбена линија го дочекаа лекарите кои продолжуваат да работат и покрај ризиците. Бројот на здравствени работници што го загубиле животот од корона вирусот досега изнесува 27, според податоците од Институтот за јавно здравје, пишува Порталб.мк. До овој […]

Вистиномер: Вакцинацијата не заврши за еден ден

19 февруари 2021

Објава на Фејсбук пласира погрешна информација дека имунизацијата со вакцините на „Фајзер“ кои стасаа од Србија, ќе почне и ќе заврши во еден ден, пишува Вистиномер.мк во својата нова анализа, што подолу ја пренесуваме во целост. Во постот е пренесен текст кој уште во самиот наслов тврди: „Во среда почнува и завршува вакцинацијата, од четврток […]

Претседателката на Лекарската комора се вакцинираше, порача дека имунизацијата е најсилно оружје против ковид-19

18 февруари 2021

Претседалката на Лекарската комора на РСМ, Калина Гривчева Старделова ја прими првата доза од вакцината против ковид-19. Таа е дел од здравствените професионалци кои се ангажирани во еден од ковид центрите во земјава. „Имунизацијата е една од најуспешните и најефикасни здравствени процедури и тоа досега многу пати го докажала историјата. Затоа, порачувам дека никој, а […]

Филипче: Вкупно 70 отсто од здравствените работници сакаат да се вакцинираат

18 февруари 2021

Седумдесет отсто од здравствените работници сакаат да се вакцинираат со вакцини против ковид-19, изјави вчера министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма. Тој кажа дека здравствените работници што сега се пријавиле, испратиле добар сигнал. „Вкупно 70 отсто од целокупниот број на здравствени работници кажаа дека сакаат да се […]

Околу 4.000 здравствени работници се пријавиле да примат вакцина против ковид -19, тоа се речиси сите што работат со ковид-пациенти

9 февруари 2021

Речиси сите здравствени работници кои работат со ковид-пациенти низ државата се пријавиле за вакцинација, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој кажа дека оваа бројка изнесува 4.000 лица. Инаку во државата има вкупно околу 3.000 доктори и 9.000 сестри. Неодамна, Министерството за здравство излезе со податок дека резултатите од анкетата што ја спровеле, покажуваат […]

Безмалку 70 отсто од здравствените работници во земјава на анкета рекле дека ќе се вакцинираат

1 февруари 2021

Националната техничка работна група за ковид-19 при Министерството за здравство направила анкета на здравствените работници, здравствени соработници, административни работници и техничка служба за вакцинирањето против корона вирусот во јавното здравство. Од 13.690 испитаници, 68,1 отсто одговориле дека ќе се вакцинираат, а 31,9 отсто рекле дека нема да се вакцинираат со вакцини против ковид-19, информираат тие. […]

Уметникот Рејан Етеми нацрта мурал посветен на лекарите на влезот во Тетово

6 јануари 2021

Тетовскиот уметник, Рејан Етеми нацртал мурал на влезот во Тетово, во чест на лекарите и медицинскиот персонал, пишува „Порталб.мк“. Во овој дел од градот порано имаше написи со говор на омраза, како „смрт за шиптари“. Наспроти ова, деновиве, сите што ќе го посетат Тетово ќе наидат на нов мурал создаден од уметникот Рејан Етеми. Тој […]

Од понеделник исплата на бонусот за штипските медицинари кои работеа со ковид-пациенти

19 декември 2020

На сметката на Клиничката болница – Штип префрлени се средствата, со кои треба да бидат исплатени бонусите за здравствените рабонтици кои изминагтите месеци работеа со пациенти со ковид-19. Како што потврди директорот Ален Ѓеоргијев, околу 230 доктори, медицински сестри, техничари и останатиот помошен персонал, ќе добијат по 30.000 денари. -Од понеделник почнува исплатата и средствата […]

Филипче ја најави модуларната болница во Штип за крајот на јануари, медицинарите ќе добијат по 30.000 денари

17 декември 2020

Се поставуваат монтажните бараки во кругот на Клиничката болница во Штип, каде ќе бидат сместени 46 кревети, дијагностички лаборатории, монтажни дигитални рентген и ехо апарати, како и посебен оддел за персоналот. Модуларната болница ќе има централен довод на кислород. Тука, на крајот на јануари следната година, се очекува да бидат префрлени сите пациенти заболени со […]

Страна 1 од 2