fbpx

Сашо Мијалков излегува од притвор – Апелација ја усвои жалбата за „Плацевите на Водно“

-

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков излегува од притвор, бидејќи Апелациониот суд му ја усвоил жалбата на мерката притвор што беше поднесена од ОЈО за случајот „Плацевите на Водно“. Од Апелациониот суд во Скопје за „А1 он“ потврдиле дека е укината мерката притвор за Мијалков, а со ова тој ќе може да биде пуштен дома од затворот „Шутка“ уште вечерва.

Сашо Мијалков на 22 декември беше пуштен од притвор од Апелациониот суд откако му ја прифати гаранцијата од над 11 милиони евра за преиначување на притворот во мерки за одземање на неговиот пасош и обврска редовно да се јавува во судот.

Истиот ден, Основниот кривичен суд во Скопје донесе нова одлука за притвор за Мијалков, по барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, и тоа за случајот „Плацевите на Водно“.

Сашо Мијалков е во притвор од 26 февруари годинава. За судскиот предмет „Трезор“ тој е неправосилно осуден на 8 години затворска казна. За предметот со нелегалното масовно прислушување „Таргет и Тврдина“, пак, поранешниот директор на УБК беше осуден на казна затвор од 12 години. Вкупно треба да одлежи 20 години во затвор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...