fbpx

Фазлиу: Ќе се инвестираат 4,7 милиони евра за 43 проекти во планските региони

-

Mинистерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, информираше дека во осумте плански региони ќе бидат реализирани 43 проекти во вкупна вредност од 290 милиони денари или 4,7 милиони евра. Од нив, 38 се инфраструктурни проекти, а пет се проекти за подготвка на техничка документација.

До Министерството за локална самоуправа биле доставени вкупно 49 апликации, а од нив се избрани 43 проекти што ќе се реализираат.

– На нашата држава и треба развој, но уште повеќе и треба рамномерен развој. Граѓаните од другите градови на државата доаѓаат во Скопје да бараат егзистенција или пак да добијат некоја услуга што ја немаат во својата општина. Тие граѓани би биле најзадоволни кога јавните услуги ќе можат да ги добијат во својата или во соседната општина, на исто толку квалитетен начин како и граѓаните на Скопје – истакна Фазлиу.

Тој додаде дека во изминатите две години средствата за рамномерен регионален развој се зголемени за 100 проценти и оти тенденцијата за поттикнување на рамномерен развој ќе продолжи и во следниот период. Најавена е и нова стратегија за следниот десетгодишен период.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пратеници, градоначалници, фирми, граѓани – Кој колку пари донирал за кампањата на претседателските кандидати?

Некој по 500 денари, некој по 100.000 денари, а некој по 300.000 денари. Донации за кампањите за претседателските избори пристигнувале од пратеници, градоначалници, членови на партии или пак преку...