fbpx

На трката со ролери учествуваа 500 ученици од триесетина основни училишта од Скопје

-

Лана Нацев од ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во женска конкуренција и Алексеј Нелепа од ОУ „Љубен Лапе“ во машка конкуренција се годинешните победници на познатата „Ролер трка 2019“, што денеска се возеше на булеварот Илинден.

Во трката со ролери учествуваа над 500 ученици од триесетина основни училишта од Скопје и од околината. Учесниците тргнаа од пред фонтаната „Лотосов цвет“ и возеа по булеварот Илинден до раскрсницата со улицата Никола Тесла, а потоа, повторно назад до целта.

Трката на ролери „Возиме кон иднината“ ја организира Детскиот културен центар „Карпош“ со поддршка од Град Скопје и годинава се одржува по осми пат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.