fbpx

Фатени момче и девојка кои ограбиле аптека и продавница

-

СВР Скопје поднесе кривична пријава против лицата А.Р. (36) и Х.А. (17), и двајцата од Скопје, поради основан сомнеж дека извршиле две разбојништва, при што се здобиле со противправна имотна корист од околу 18.000 денари.

Во претходна постапка, судијата на прворпијавениот му одредил мерка притвор во траење од 30 дена, додека второпријавената е ослободена да се брани од слобода.

Кривичните дела А.Р. и Х.А. ги извршиле во временскиот период од 1 до јули 2015 годинава, во вечерните часови на подрачје на Центар.

Првото дело го извршиле на булевар Кочо Рацин, во аптека, на тој начин што откако влегле внатре, првопријавениот од џебот од панталоните извадил нож и со закана кон вработената, ѝ ги побарал парите од дневниот промет. Потоа заедно со второпријавената се упатиле кон работниот пулт, ја отвориле фиоката од регистар-касата каде се наоѓале парите од дневниот промет. ги одзеле и ја напуштиле аптеката.

Второто кривично дело го извршиле на 2 јули 2015 година, на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, во продавница на тој начин што откако влегле во продавницата, повторно првопријавениот со закана со нож ги побарал парите од вработената, додека во исто време второпријавената ја заклучила влезната врата. Откако вработената им рекла дека нема пари, пријавениот сам ја отворил регистар-касата и од истата ги одзел парите, а Х.А. од рафтовите одзела големо количество разни марки цигари, по што ја напуштиле продавницата и се одалечиле во непознат правец.

Осомничените се најдени со помош на снимен видеоматеријал од аптеката и од продавницата и при извршената анализа од полицијата.
Полициски службеници од тимот „Алфа“ ги привеле пријавените на 5 јули во полициската станица Центар, при што кај А.Р. бил пронајден нож на преклопување. Во разговорот тие го негирале извршувањето на кривичните дела.

Во просториите на ПС-ОН Кисела Вода, извршено е препознавање на предмети, при што оштетените го препознаа ножот со кој пријавениот им се заканувал при извршувањето на кривичните дела. Исто така, извршено е препознавање на лица, при што оштетените со сигурност ги препознаа пријавените како лица што ги извршиле кривичните дела.

А.Р. бил познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што имал вкупно 11 кривични пријави, 10 од СВР Скопје и една од СВР Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.