fbpx

Европската комисија препорача отворање преговори со Албанија

-

Eвропската комисија препорача отворање преговори за Албанија. Според извештајот, се оценува дека Албанија постигнала значителен напредок во исполнувањето на петте клучни критериуми за почеток на пристапните преговори.

Во извештајот стои дека главните уставни измени биле едногласно усвоени во јули 2016 година, со што почнале сеопфатен и инклузивен процес на реформи на судскиот систем.

„Овој процес ќе вклучува длабоко преиспитување на судии и на обвинители. Реформата на јавната администрација продолжува доследно, како и континуираната работа на создавање солидна база на податоци за истраги, обвиненија и за пресуди во борбата против корупцијата и организираниот криминал, кои се од фундаментално значење“, процени Европската комисија.

Поради сето ова Европската комисија препорача отворање на пристапните преговори со Албанија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...