fbpx

ЕУ ја предупреди Грција: Поправете се или го укинуваме Шенгенскиот договор

-

Европската унија формално ја повика Грција да ги „поправи сериозните празнини“ во своето дејствување на границата на шенген-зоната.

Грција доби рок од три месеци да ја поправи и да ја усоврши контролата на своите граници или, во спротивно, ќе следуваат ригорозни санкции.

Со ваквиот потег се најавува долгорочна суспензија на отворените граници во Европа поради бегалската криза.

Извори од ЕУ откриваат дека Советот на министри на ЕУ ја донел ваквата одлука баз разлика на противењето на Атина.

Во следните три месеци официјална Атина ќе мора да спроведе 50 препораки за засилување на мерките за гранична контрола.

Изворите од Брисел велат дека мерките се тешко изводливи, поради што не се исклучува можноста за воведување внатрешна контрола на границите на шенген-зоната во траење до две години.

Од Брисел велат дека ваквиот потег нема цел да ја изолира или посрами Грција, туку да осигура граничните контроли на другите места во Европа, вклучувајќи го и просторот меѓу Германија и Австрија, да останат на свое место без да се крши законот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...