fbpx

Ердоган: Турција ќе се бори против тероризмот до крај

-

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди нападот на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, оценувајќи дека целта била „Турција да се поткопа, посегнувајќи по невините“.

„Јасно е дека целта на овој напад не беше постигнување на некаков резултат, туку создавање пропаганда против нашата земја, користејќи ја крвта и болката на невините луѓе,“ наведе Ердоган во соопштението.

Тој порача дека очекува светот да заземе одлучен став против тероростичките групи и повика на заедничка борба против тероризмот, пренесуваат агенциите.

Бидејќи нападот се случи за време на светиот месец Рамазан, Ердоган наведе дека со тоа се покажува дека тероризмот напаѓа без разлика на верата и на вредностите.

Ердоган вели дека Турција нема да се откаже од борбата против тероризмот и дека неговата земја има сила, одлучност и капацитет во таа борба да оди до крај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...