fbpx

Ердоган: Ќе го исчистиме „вирусот“ од сите државни институции

-

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека ќе продолжи чистењето на сите државни институции од „вирусот“ што го предизвика обидот за државен удар во Турција. Ердоган ова го изјави на денешниот погреб на дел од убиените за време на пучот.

Тој додаде дека апсењата на оние кои, како што рече, „ги уништиле“ вооружените сили, ќе бидат продолжени во сите редови на војската.

Турскиот претседател соопшти дека турските министерства за правда и за надворешни работи ќе упатат барање до САД и до другите западни власти за испорака на следбениците на движењето на Ѓулен.

Во меѓувреме, Ердоган ги повика граѓаните да останат на градските плоштади.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...