fbpx

Епископ Јаков Стобиски: На собирот да останеме смирени и да не паѓаме на провокации

За вечерва во 18 часот е закажан собирот пред Собборниот храм, организиран од Синодот на МПЦ-ОА

-

Ве повикуваме да застанете во одбрана на верата, на слободата на мислење и говор, како и во одбрана на правото да постоиме како автентични христијани. Да останеме смирени, непотпаѓајќи под провокации на организции и луѓе кои перманентно и систематски го поткопуваат нашето општество и вредносен систем.

Ова во видео порака го кажа епископот Јаков Стобиски, во пресрет на вечерашниот собир пред Соборниот храм, против законите за родова еднаквост и матична евиденција.

„Имаме должност да го обликуваме општеството во духот на слободата. Изминативе години во нашиот главен град се окупира просторот со разни маршови и протести и ние не сме ги оспориле. Не сме реагирале ни кога во центрите на културата сме гледале настани каде се исмева сè што му е свето на овој народ. И кога решивме во демократско општество да се собереме на свој простор, во црквата, гледаме разработка на старото добро сценарио каде агресорот се претставува како жртва. Нашиот собир никого нема да загрози. Не се сомневам дека ќе има обиди да се фрли сенка на вистината, со нивните добро познати методи на праќање провокатори“, рече епископот во своето обраќање.

„Имаме должност да бидеме вечерва пред Соборен храм и должност да останеме смирени“, додаде тој.

За вечерва во 18 часот е закажан собирот пред Соборниот храм, организиран од Синодот на МПЦ-ОА. Црквата, како што велат, изразува протест единствено против содржината на законите за матична евиденција и за родова еднаквост и против никој друг.

Утрово пак, во изјава за медиумите министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска објасни дека законите за родова еднаквост и за матична евиденција, се два различни закона. Тренчевска кажа дека со признавањето на одредена заедница, останатите граѓани не ги губат своите права.

Тренчевска: Ако го признаеме правото на трансродовото лице, останатите граѓани не губат ништо

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.