fbpx

Тренчевска: Ако го признаеме правото на трансродовото лице, останатите граѓани не губат ништо

Вечерашниот собир е легитимен. Но, исто така имаме и право да ја кажеме вистината за двата закона. Протест може и по Устав и по закон да организира секој во државата. Поентата е да се разбере концептот на родова еднаквост во духот на меѓународната заедница. Родова еднаквост не е исто што и полова еднаквост“, рече Тренчевска

-

Законот за матична евиденција го третира родовиот идентитет, односно можноста лице кое е трансродово, да ја смени дознаката во матичниот број, онаму каде се пишува полот, машки или женски. А Законот за родова еднаквост не е исто што и овој закон, тоа се две различни нешта, кажа во изјава за медиумите министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

„Законот за родова еднаквост третира еднакви можности на жените и мажите. Законот ја унапредува положбата на жените во сите сфери во општеството. Со овој закон ниту се третира менувањето на полот, ниту пак, истополовите бракови, туку се бави со подобрата положба на жените и еднаквите можности на мажите и жените во општеството“, појасни министерката.

На прашањето каде се греши во јавноста и чии права се одземени со измените на овие два закона, таа објасни дека проблемот настанал токму со спојувањето на овие два закони во еден.

„Станува збор за два различни закона кои третираат различна проблематика. За законот за матична евиденција, во март годинава, Владата на седница донесе одлука да се повлече од собраниска процедура и за да се прошири консултативниот процес и да се изнајде решение кој ќе одговара на сите засегнати чинители во општеството“, рече таа.

Тренчевска информираше дека досега се одржани 18 јавни дебати за Законот за родова еднаквост.

„Тој сè уште е во консултативен процес и не е во владина процедура. Продолжува тој процес за да ги слушнеме сите чинители. Законот за родова еднаквост исто така допира до чувствата на многу граѓани, но тој овозможува жените да се третирани на ист начин и да ги имаат истите права како мажите, како и да се превенира насилство врз жените, со оглед на фактот дека 90 отсто од жртвите се жени и девојчиња“, изјави министерката.

Таа потенцира дека со признавањето на одредена заедница, останатите граѓани не ги губат своите права.

„Напротив, тоа покажува дека државата има демократски капацитет и дека се грижи за сите во општеството. Ако го признаеме правото на трансродово лице, не губат останатите граѓани ништо, туку придонесуваме да добие можност и заштита да си ги реализира своите права“, додаде таа.

Во врска со вечерашниот собир, таа кажа дека како борец за човекови права не може да каже дека собир не смее да има.

„Тој е легитимен. Но, исто така имаме и право да ја кажеме вистината за двата закона. Протест може и по Устав и по закон да организира секој во државата. Поентата е да се разбере концептот на родова еднаквост во духот на меѓународната заедница. Родова еднаквост не е исто што и полова еднаквост“, додаде министерката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...