fbpx

Електорите одлучија, Трамп официјално е претседател на САД

-

Републиканскиот кандидат на изборите за претседател на САД, Доналд Трамп, ги освои потребните 270 гласови на електорите и официјално стана 45. претседател на САД.

Клучните гласови што му донесоа официјална победа на милијардерот ги доби во Тексас, иако, како што наведуваат светските медиуми, тамошните електори биле под силен притисок својот глас да го дадат на друг кандидат.

Трамп има 304 од 306 електорски гласа, откако само двајца републикански електори го променија гласот на своите држави и гласаа за Клинтон.

Сепак, во државата Вашингтон, четири од осум електори дале глас „за некој трет“, односно три гласа за поранешниот државен секретар Колин Пауел, а еден поддржал припадник на индијанското племе Сијукси.

„Неверните“ електори го впишаа Трамп во историјата – тој е првиот претседател на САД кој е избран со повеќе од еден „неверен“ глас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...