Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, УНИЦЕФ и останатите партнери подготвија национална платформа за е-учење и игра наречена „Едуино“.
„„Едуино“ е едукативна платформа наменета за сите воспитувачи и родители на која може да се најдат, користат и преземат материјали, игри и активности за деца на возраст од три до шест години. Платформата обезбедува содветни содржини за учење базирано на игра во воспитно – образовните институции детски градинки и центри за ран детски развој како и во домот со родителите за да се осигура квалитетна едукација и забава за најмладите. Оваа платформа нуди видеа со разработени воспитно-образовни содржини за децата на предучилишна возраст.Видеата се во траење од 15-тина минути и се придружени со презентација и објаснување од воспитувач. Досега се поставени над 150 видеа на македонски и албански јазик,“ информираат од МТСП.
Во иднина, сите воспитувачи и родители на оваа платформа ќе може да најдат и преземат материјали, игри и активности. Дигиталната платформа со видео материјали и активности за учење преку игра е достапна на следниот линк: www.eduino.gov.mk.