ДЗС: Индустриските капацитети во септември во просек биле искористени до 67,5 отсто

-

Недоволната странска и домашна побарувачка, неизвесното економско опкружување, недостигот на квалификувана работна сила и на суровини за производство, како и финансиските проблеми со кои се соочуваат домашните компании поради ковид кризата, се причината поради која во септември раководителите на компаниите од преработувачката индустрија искажале понеповолни деловни тенденции, во споредба со истиот месец минатата година.

Тоа го покажуваат најновите податоци на Државиот завод за статистика за деловните тенденции во преработувачката индустрија, според кои, просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември 2020 година изнесува 67,5 отсто од нормалното искористување. Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат факторите: недоволната странска побарувачка, 20,2 отсто, неизвесното економско опкружување, 17.2 отсто, недостигот на квалификувана работна сила, 16,5 отсто и недоволната домашна побарувачка, со 12,8 отсто.

Во септември 2020 година, според оценката на раководителите, индикаторот на доверба е зголемен за 0,1 процентeн поен, во однос на август, и изнесува 13, но во однос на септември 2019 година е намален за 8,7 процентни поени.
Очекувањата на раководителитесе дека ќе се зголемува обемот на производството во наредните три месеци и ќе расте бројот на вработените.

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...