fbpx

Двајца руски војници ранети во Алепо

-

Двајца руски војници се ранети во северниот сириски град Алепо, соопшти руското министерство за одбрана.

Во нивното соопштение е наведено дека војниците биле ранети од страна на бунтовниците кои бомбардирале коридор низ кој се евакуирале луѓе од градот.

Русија и сирискиот режим прогласија 10-часовен прекин на огнот за да им се овоможи на бунтовниците и на цивилите да го напуштат Алепо преку осум означени коридори. Но, новинските агенции од терен јавуваат дека малкумина ги прифатиле овие повици за евакуација. Во нив се вели дека бунтовниците го отфрлаат привременото примирје и најавиле дека ќе продолжат со борба во обид да ја пробијат опсадата на сириските воени сили.

Сличен тридневен едностран прекин на огнот имаше кон крајот на минатиот месец, по што само неколкумина го напуштија источниот дел од градот Алепо, каде што околу 250.000 луѓе и понатаму се заробени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...