fbpx

ДУИ: Политичката криза може да ги наруши партнерските односи во коалицијата

-

Случајот со прислушувањето може да ги наруши партнерските односи во владината коалиција и затоа за ова прашање треба сериозно и вниматално да се дискутира, оцени ДУИ на денешниот централен одбор на партијата, одржан во Гостивар.

Според генералниот секретар на партијата, Абдилаќим Адеми, дел од заклучоците донесени на централниот одбор ќе бидат и точки на дневен ред на тематскиот конгрес на партијата, што ќе се одржи на 28 и на 29 март.

– Треба внимателно да се дискутира за политичката криза затоа што таа може да има сериозни последици во повеќе аспекти на општествените и на политичките односи. Од денешната дискусија ќе произлезат и предлози за тематскиот конгрес на ДУИ, закажан за викендов – изјави Адеми.

На конгресот, како што најави Адеми, ќе се дискутура и за економската состојба, Рамковниот договор и евроинтеграциите на Македонија.

З.Д.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...