Фото: Steven Cornfield on Unsplash

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, интересот  секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 443.374 граѓани, соопштуваат од Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 249.187 граѓани. Вчера прва доза вакцина примиле 1.755 граѓани, а вкупно се вакцинирале 9.142 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 399.962 дози вакцини, а ревакцинирани се 150.775 граѓани.

Со последните бројки, 48 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, како и 42 отсто од населението над 65 години и 35 отсто од населението над 60 години.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација, се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес на веб страницата vakcinacija.mk , а и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп, потсетуваат од Министерството за здравство.