Дизелот поевтинува за денар и половина

За денар и половина поевтинува и маслото за горење, кое од ноќеска ќе чини 70,5 денари за литар

-

Од вечерва на полноќ, се менуваат малопродажните цени на Еуродизел, Екстра лесното масло за домаќинство и на мазутот, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ).

Дизелот поевтинува за денар и половина, па од ноќеска ќе се продава по цена од 71,5 денари за литар.

За денар и половина поевтинува и маслото за горење, кое од ноќеска ќе чини 70,5 денари за литар.

Мазутот поевтинува за 0,734 денари за килограм и од вечерва ќе се продава за 42,475 денари за килограм.

Во меѓувреме, цените на бензините не се менуваат. Еуросупер БС-95 и понатаму чини 80 денари, а Еуросупер БС-98 се продава за 82 денари за литар.

Македонските стрип-автори меѓу најбројните на Меѓународниот салон во Белград

На 21. Меѓународен салон на стрип во Белград, кој од 26 до 29 септември се одржува во Студентскиот културен центар, македонските учесници традиционално се меѓу најбројните. На распишаниот стрип-конкурс...