Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за намалување на цените на горивата.
Бензинот Еуросупер БС-95 поевтинува за половина денар на литар и од ноќеска на полноќ ќе се продава за 74 денари за литар.
Еуросупер БС-98, пак, ќе поевтини за 2 денари за литар и ќе се продава за 76,5 денари.
Малопродажната цена на дизел горивото и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за еден денар за литар, па од вечерва литар Еуродизел ќе чини 68,5 денари, додека маслото за горење ќе чини 67,5 денари за литар.
Новата цена на мазутот е 43,507 денари за килограм.