Бензините Еуросупер БС 98 и Еуросупер БС 95 се намалуваат за еден, односно за половина денар за литар, а дизел горивото се намалува за денар и половина, соопштија во Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
„Малопродажната цена на Еуросупер БС 95 изнесува 73,5 за литар, а малопродажната цена на Еуросупер БС 98 изнесува 75,5 денари за литар. Литар дизел гориво чини 67 денари“, информира РКЕ.
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66 денари, а цената на мазутот М-1 НС, се намалува за 0,9 денари за килограм и изнесува 41,3 денари.
Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,75 отсто.