Се зголемуваат цените на нафтените деривати, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Согласно најновата одлука, од вечерва малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 1,5 денари за литар, додека дизел горивото и Екстра-лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар за литар.
Од ноќеска, бензинот Еуросупер БС-95 на бензинските станици во земјава ќе чини 75 денари за литар, додека Еуросупер БС-98 ќе се продава за 77 денари за литар.
Литар Еуродизел ќе чини 67,5 денари, а маслото за горење ќе се продава за 66,5 денари за литар.
Поскапува и мазутот, чија цена од ноќеска на полноќ ќе изнесува 41,827 денари за килограм.