fbpx

Дипломатите изразија загриженост и ја искараа Владата

-

Амбасадорите на САД, Велика Британија, Франција, Италија, Германија и на Европската унија им изразија сочувство на македонските граѓаните за трагичната смрт на полицајците што беа убиени во Куманово и жалење за страдањата на жителите на Куманово.

По средбата со премиерот Никола Груевски, во заедничка изјава рекоа дека ја нудат нивната помош на секој можен начин.

– Долго време ги поддржуваме напорите на Македонија за влезе во ЕУ и во НАТО и како пријатели и партнери ја изразивме нашата загриженост за политичката криза која сè уште трае. Му ги посочивме нашите грижи на премиерот Груевски, дека неговата Влада не направила напредок во изјаснувањето околу злоупотребите на Владата од објавувањето на аферата. Ова сериозно отвора сомнеж дали Владата на Македонија е посветена на демократските принципи и вредности на евроатланската заедница. Континуираниот неуспех ќе му наштети на напредокот за членството во ЕУ и во НАТО. Ја искажуваме нашата загриженост дека во случајот со прислушувањето не се преземени политички и правни мерки за оние што се одговорни. За да се справи со институционалната слабост, ја повикуваме Владата да преземе одредени реформи, како што се проверувањето на избирачкиот систем, слободата на медиумите, независноста на судството, слободата на изразување и заштитата на „шепкачите“. Ги поддржуваме фундаменталните демократски права на граѓаните да се собираат на мирни протести и ги повикуваме сите да се воздржат од насилство. Со мирното изразување на демократските права и откажувњето од насилството – сеедно дали од страна на полицијата или од страна на демонстрантите – ќе им се оддаде почит на храброста и на жртвата на тие што ги дадоа своите животи во служба на граѓаните на Република Македонија. Во текот на наредните денови, планираме да се сретнеме и со господата Заев и Ахмети за да споделиме слични пораки – рече амбасадорот на САД, Џес Бејли, по средбата со премиерот Никола Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...