fbpx

ДИК ќе проверува 110.440 спорни гласачи, повеќе од 62.000 чекаат дополнителни проверки

-

Државната изборна комисија (ДИК) синоќа одлучи да се изврши теренска проверка за 110.440 спорни гласачи.

Дополнителна административна проверка ќе се направи на 62.837 лица, а потоа, ако има потреба, и оваа група гласачи теренски ќе се проверува.

Административно ќе се проверат податоците и за 35.859 избирачи кои, најверојатно, се починати, а за 7.345 дополнително ќе се одлучи што понатаму.

За 124.027 гласачи кои се на привремена работа или престој во странство, нема да има проверки.

Седницата траеше неколку часа и помина во бурна атмосфера.

Претходно Игор Милев и Виолета Дума, членови на Државната изборна комисија од СДСМ, ја напуштија седницата на која едногласно беше изгласан извештајот од вкрстената проверка на која се појавија 310.000 спорни гласачи.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...