fbpx

Џафери прогласи долга пауза по расправијата со Димовски

-

По повеќе реплицирања од Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Собранието, Талат Џафери, во 13.30 часот ја прекина седницата. Џафери и Димовски се натегаа околу процедурите на законодавниот дом, додека на дневен ред беше третата точка, односно предлогот на Владата за именување директор на Агенцијата за администрација.

По убедувања каква била досегашната практика, односно што предвидува деловникот на Собранието за претставник на овластениот предлагач, односно Владата, Џафери на крајот сепак се согласи со Димовски – Владата да достави известување кој ќе биде овластен претставник во собраниската расправа и тој да се појави во салата.

– За да не работиме како опозицијата, ќе го прифатам предлогот и ќе продолжиме со работа во 15.30 часот. Тогаш или премиерот да дојде или да извести кој е овластен претставник – рече Џафери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.