Девојка осомничена дека на двајца тинејџери им помогнала да силуваат малолетничка

Фото: Eric Ward on Unsplash

Дваесет и едно годишна девојка од Струмица е осомничена дека им помогнала на две 15 годишни момчиња да силуваат 13 годишно девојче, соопшти Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Струмица. Постапка е поведена и против двајцата малолетни силувачи.

Спооред обвинителството, силувањето се случило за време на новогодишната ноќ при прослава во куќата на еден од малолетниците, осомничената девојка им помогнала на две деца родени во 2007 година да силуваат девојче родено 2010 година.

„Осомничената најпрвин ја поттикнувала и ја довела во алкохолизирана состојба жртвата, ја соблекла во една од собите, овозможувајќи им на двајцата малолетници да го силуваат девојчето, кое за цело време давало отпор“, соопшти ОЈО Струмица, додаваќји дека „по целиот настан, осомничената и ја облекла облеката на жртвата и почнала да ја удира со клоци и шамари во пределот на главата“.

Обвинителството нареди да се спроведе истрага под сомнение за кривично дело Силување на дете кое не наполнило 15 години, односно член 188 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинителството исто така побарало, а судијата на претходна постапка определил 30 дневен притвор за осомничената девојка. За осомничените малолетници за силување обвинителството ќе бара да се стават под надзор на Центарот за социјални работи.