fbpx

Денеска продолжува рочиштето за „Диво насеље“

-

Во Кривичниот суд денеска продолжува судскиот процес за предметот „Диво насеље“ против терористичката група поврзана со настаните во кумановско Диво Насеље на 9 и на 10 мај минатата година.

Денешното рочиште, како и претходните неколку, е затворено за јавноста, бидејќи сè уште се сослушуваат заштитени сведоци предложени од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

На претходното рочиште се разгледуваа транскриптите од телефонскиот разговори на обвинетиот Сулејман Османи со вработен во Агенцијата за разузнавање.

Судскиот процес против 29 обвинети во случајот „Диво Насеље“ почна на почетокот на февруари годинава. На почетокот на јуни, целиот процес почна одново, откако обвинителството со овој случај го спои и предметот „Молња“, во кој осум лица се обвинети дека обезбедувале логистичка поддршка за кумановската група.

Во настаните во Куманово животите ги загубија осум припадници на специјалните полициски единици, а 37 беа ранети, додека во борбите со полицијата беа убиени 10 членови на вооружената група.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...